• петок, 22 ноември 2024

Полициските службенци од дебарскиот регион добија комплети заштитни средства

Полициските службенци од дебарскиот регион добија комплети заштитни средства
Дебар, 22 март 2020 (МИА) – Полциските службеници од станците во поширокиот дебарски регион денеска добија заштитни средства, маски, ракавици и средство за дезинфекција. Станува збор за 200 комплети кои македонскиот полициски синдикат ги доби како донација од фимата „Еам “ од Штип, која беше примена кај полицискиот пункт кај Хидролектраната „Глобочица“. -Комплетите со заштитни средства ги распределивме и тоа на полициските службеници од полициските станици за граничен надзор и проверки во селото Џепште, граничните премини „Блато“ и Џепиште - Требиште на македонско - албанската граница, потоа Срезимир, полициската станица за надзор во селото Жировница и Полициското одделение во Ростуше, информираше за МИА, Адријан Телќиу, заменик генерален секретар на македонскиот полициски синдикат. Секако,додава Телќиу, вакви комплети се донирани и во Одделението за внатрешни работи во Дебар, кое со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа. Телќиу, кој е дел од полицската екипа вработени на преминот „Блато“, вели дека ова е добредојдена помош за него и неговите колеги, која ќе биде доволна за одреден перод. Додава дека набрзо очекуваат и дополнителна донација. вт/сст/

Остани поврзан