• среда, 27 ноември 2024

Полициска акција во студиото „Парамаунт“ во Холивуд

Полициска акција во студиото „Парамаунт“ во Холивуд
Лос Анџелес, 19 октомври 2020 (МИА) - Полицијата во Лос Анџелес побара од населението да се оддалечи од авенијата Мелроуз поради полициската акција која моментно се спроведува. Засега не се соопштуваат повеќе детали за настанот. Локалниот весник „Дејли њуз“ пишува дека полицијата трага по осомничен маж, за кој постои сомнеж дека се крие во едно од филмските студија на „Парамаунт“ во Холивуд. Медиумите наведуваат и дека осомничениот извршил дело „сексуален напад“, а очевидци тврдат дека пристигнале голем број полициски сили целосно вооружени. гт/

Остани поврзан