• понеделник, 01 јули 2024

Пожар зафати барака во Мичурин, за брзо време ставен под контрола

Пожар зафати барака во Мичурин, за брзо време ставен под контрола
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Пожар попладнево избувна во барака во скопската населба Мичурин, информира за МИА Ѕвноко Томевски, командир во Бригадата за противпожарна заштита. Од пожарот бил зафатен внатрешниот дел од бараката и кровот, а во неговото гаснење интервенирале осум пожарникари со три противпожарни возила. - Пожарот за брзо време беше ставен под контрола и е целосно изгаснат. Повредени лица нема, информира Томевски. мс/дма/

Остани поврзан