• среда, 03 јули 2024

Пожар во делчевското село Тработивиште

Пожар во делчевското село Тработивиште
Делчево, 5 мај 2020 (МИА) - Пожар зафати три куќи во близина на реката Желевица во село Тработивиште. Како што информираат жители на селото, во пожарот најмногу настрадала сушарница, додека брзата интервенција на делчевските пожарникари спаси од опожарување уште три куќи кои се наоѓале во близина. -Пожарот избувна во доцните попладневни часови, по што е веднаш пријавен до противпожарната единица во Делчево. Во моментот се локализира од страна на пожарникарите, информираат жителите. Како што додаваат, на помош им излегле и дел од жителите кои живееле во близина на опожарениот објект. Случајот е пријавен во полиција, а допрва ќе се утврдуваат причините за избувнувањето на пожарот. вс/мч

Остани поврзан