• сабота, 23 ноември 2024

Пожарникарите од Кочани добија противпожарно возило како донација од словенечките колеги од Крањ

Пожарникарите од Кочани добија противпожарно возило како донација од словенечките колеги од Крањ
Кочани, 19 ноември 2020 (МИА) – Територијалната противпожарна единица од Кочани доби специјално противпожарно возило за интервенции на висококатници и објекти кај кои е отежнат пристапот, како и посебна опрема за евакуација на лица. Возилото го донираше Противпожарната служба на Крањ и локалната самоуправа на словенечкиот град, со кој Општина Кочани има повеќегодишна соработка. – Возилото е веќе користено, но одлично сочувано, исправно и функционално. Располага со метална скала со должина од 30 метри, со што многу ќе ни олесни при интервенции кај пожари на објекти со повеќе катови. Исто така, и спасувањето на загрозени лица кои се во внатрешноста на запалените објекти ќе биде многу полесно и побезбедно, изјави Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани. Во обезбедување на донацијата, неопходната логистика, документација и транспортот на возилото помогнале и поранешни жители на Кочани кои повеќе години живеат и работат во Словенија. Противпожарното возило од ваков тип е прво во возниот парк на Територијалната противпожарна единица од Кочани, а во наредниот период пожарникарите ќе добијат дополнителна обука за негово користење. та/бак/    

Остани поврзан