• петок, 22 ноември 2024

Пожарникарите од Кочани добија нова опрема за интервенции при поплави и тешки сообраќајни несреќи

Пожарникарите од Кочани добија нова опрема за интервенции при поплави и тешки сообраќајни несреќи
Кочани, 19 април 2022 (МИА) – Територијалната противпожарна единица од Кочани доби нова опрема и алат за интервенции при поплави и за извлекување повредени лица во потешки сообраќајни несреќи, а што ја обезбеди Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На примопредавањето на донацијата присуствуваа градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов и директорот на Дирекцијата, Беким Максути, при што беше нагласено дека станува збор за современи и висококвалитетни уреди од производителот „Вебер“, во вкупна вредност од три милиони денари. -Благодарни сме што позитивно ни беше одговорено на барањето за помош што го поднесовме до ДЗС. Со оваа донација добивме агрегати за струја, потопни пумпи за вода, носила со воздушни перничиња, алати за растегнување метал и други помагала, со што ќе ја докомплетираме опремата што ни недостасуваше. Слична опрема, што ги задоволува современите стандарди, користат и нашите колеги во поразвиените земји, поради што сметам дека сега сме многу поподготвени да интервенираме кај поголеми сообраќајќи и други несреќи, како и за поплави во објекти и во друг затворен простор, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани. Територијалната противпожарна единица неодамна доби и ново интервентно возило за гасење шумски и пожари на отворен простор. Веќе е завршена тендерската постапка за набавка на соодветна опрема што наскоро ќе биде инсталирана, а по обуката на пожарникарите за нејзино користење, возилото ќе се стави во функција. та/аа/

Остани поврзан