• петок, 22 ноември 2024

Под мотото „Жената е моќ на промените“ Елфете Исмаили е избрана за претседателка на Женското собрание на Алијансата за Албанците

Под мотото „Жената е моќ на промените“ Елфете Исмаили е избрана за претседателка на Женското собрание на Алијансата за Албанците

Скопје, 6 октомври 2024

Во импресивна атмосфера со голем број на жени и девојки, делегати и гости, во присуство на претседателот Арбен Таравари и раководството на партијата, Собранието на жени при Алијансата за Албанците ја одржа втората Конференција.

За претседателка беше избрана г-ѓа Елфете Исмаили, заменик министер за одбрана. Женското собрание при Алијансата за Албанците избра и други тела, каде што г-ца Мимоза Муса, актуелна пратеничка, додека за потпретседателки се избраа Афердита Хамза, Шќипе Мустафа, Наиме Ислами Зеќири и Беса Поцеста. За организационен секретар е избрана Арбенита Мета.

Претседателот Арбен Таравари во својот поздравен говор истакна: „Сакам да го започнам говорот со изјавата на Маргарет Тачер: Ако ви требаат зборови, повикајте маж. Ако ви требаат дела, повикајте жена. Без родова еднаквост нема социјална еднаквост, а без социјална еднаквост нема етничка еднаквост. Учеството на жените е национална афирмација. Во нашите редови располагаме со извонредни квантитативни и квалитативни ресурси. Денеска сум среќен што тројцата челници на АА се Арбен Таравари, Елфете Исмаили, Улка Нуредини. Значи 2:1 во корист на женскиот пол“.

Поздравен говор имаше и новоизбраната претседателка Елфете Исмаили, која им се заблагодари на делегатите за довербата и истакна дека:

„Да се има повеќе жени во политиката служи како инспирација за многу девојки и жени да развијат кариерс, и треба жените, како половина од светскиот потенцијал, да станат искористен капитал. Жените треба да имаат фер шанса за да бидат застапени“.

Алијанса за Албанците 

______________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото Алијанса за Албанците 

Остани поврзан