• недела, 22 декември 2024

Подољак: Преговорите со Русија ќе продолжат утре

Подољак: Преговорите со Русија ќе продолжат утре
Киев, 20 март 2022 (МИА) - Членот на украинската делегација и помошник на претседателот, Михаило Подољак потврди дека разговорите со руската делегација ќе продолжат утре. - Да, се разбира. Продолжуваме утре наутро. Тоа ќе биде следниот круг. Претходно работевме исклучително интензивно во работните подгрупи, изјави Подољак за украински весник. Првата рунда од дијалогот меѓу Русија и Украина се одржа на 28 февруари во регионот Гомел во Белорусија, кога делегациите разговараа пет часа. Потоа двете страни се состанаа на 3 март во областа Беловежскаја и на 7 март во регионот Брест. На 10 март, министрите за надворешни работи на Русија и на Украина, Сергеј Лавров и Дмитро Кулеба одржаа консултации на дипломатски форум во турскиот град Анталија. Во моментов, преговарачите продолжуваат да комуницираат преку видео врска. гт/

Остани поврзан