• вторник, 26 ноември 2024

Подготвена за објавување првата книга за деца на Магде Ангова

Подготвена за објавување првата книга за деца на Магде Ангова
Гевгелија, 28 јануари 2022 (МИА) - Во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“ треба да излезе од печат првата книга за деца под наслов „Гатанки за се и сешто и уште нешто“ од авторката Магде Ангова,магистер по медиуми и комуникации, вработена во општина Дојран. За својата прва книга, Ангова вели дека почнала да ја пишува пред речиси две години,кога почна пандемијата со Ковид-19, во период на неизвесност, промени, страв, несигурност и ограниченост, кога сметала дека треба да направи нешто креативно и интересно што прво ќе ја развесели неа и нејзината петгодишна ќерка, а потоа ќе го споделат со другите. -Во тој чуден и непредвидлив период почнав да ги пишувам гатанките во читанка која претставува игрива и тематска збирка на кратки, забавни поетски творби со прекрасни асоцијации и невообичаени рими, рече Ангова и изрази надеж дека читајќи ја книгата и возрасните подеднакво ќе уживаат и ќе се забавуваат како децата.им/свс

Тагови

Остани поврзан