• понеделник, 23 декември 2024

Повреден градежен работник во Пехчево

Повреден градежен работник во Пехчево

Штип, 12 јуни 2024 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден градежен работник е повреден, при изградба на куќа во Пехчево. Од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) за МИА информираат дека вчера во 14:55 часот од страна на ОВР Берово е известено дека се има случено повреда при работа на улица „Гоце Делчев“ бр.88 во Пехчево. При изградба на приватна куќа, паднало и се повредило лицето Ф.Џ.

-Од страна на Државните инспектори на труд извршен е увид, во содејство со полициски службеници и инспектори од ОВР Берово. При увидот е утврдено следното:  Повреденото лице фарбало метална конструкција и паднало од висина 2,85 метри и е транспортирано во Општа болница Штип и не е затекнато при надзорот, се вели во пишаното соопштение на ДИТ.

Во соопштението се посочува и дека од увидот во електронскиот систем на Агенцијата за вработување е утврдено дека, повреденото работно ангажирано лице не е пријавено во задолжително социјално осигурување и работело спротивно на законските одредби. Во делот на безбедност и здравје при работа надзорот е во тек.

-После прибавување на целокупната документација од страна на инспекторите и целосно утврдување на фактичка состојба ДИТ ќе даде дополнително соопштение за јавноста, велат од ДИТ.

За само два дена во Брегалничкиот регион на работните места повредени се тројца работници, од кои двајца во Пробиштип и еден во Пехчево. вдј/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан