• среда, 18 декември 2024

Повлечена иницијативата пред Врховен во врска со прашањето за помилувањата

Повлечена иницијативата пред Врховен во врска со прашањето за помилувањата

Скопје, 28 октомври 2023 (МИА) - Врховниот суд информира дека иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење за прашањето за дадените помилувања на поранешниот претседател Ѓорге Иванов е повлечена од самиот предлагач, адвокатот Миле Наумовски.

- Врховниот суд на Република Северна Македонија известува дека на ден 27.10.2023 година, до Врховниот суд доставен е поднесок од адвокат Миле Наумовски, со кој во целост ја повлекува Иницијативата за утврдување на начелен став и начелно правно мислење, која се однесува на повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов, се вели во соопштението од Врховниот суд. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан