• сабота, 28 март 2026

Победа на Партизан по продолжение, а пораз на Ц.Звезда исто така по продолжение

Победа на Партизан по продолжение, а пораз на Ц.Звезда исто така по продолжение

Белград/Барселона, 28.март 2026 (МИА) – На петте синоќешни дуели од 34.коло на Евролигата два завршија по продолженија и во двата играа претставниците од Србија, Партизан и Црвена Звезда. Во Белград Партизан по две продолженија ја совлада Валенсија со 110:104, додека „црвено-белите“ откако изборија продолжение во дополнителните пет минути беа поразени од Барселона со 92:88.

Вредна победа за пласман во плеј офот постигна Жалгирис победувајќи го лидерот Фенербахче на негов терен со 92:82, а триумф оствари и Панатинаикос против Монако 107:97 и со тоа ги зголеми шансите за пласман во завршницата. Басконија победи во дуелот со Хапоел Тел Авив со 118:109.

Фенербахче е лидер на табелата со скор 23-11 (победи-порази), пред Олимпијакос и Реал Мадрид со 22-12, додека Валенсија има 21-13, … мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан