• петок, 22 ноември 2024

Платини е против ВАР

Платини е против ВАР
Цирих, 8 февруари 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини изјави дека не му се допаѓа воведувањето на системот ВАР во фудбалот. Французинот смета дека тоа не е начинот за решавање на контроверзните моменти на натпреварите. - Од самиот почеток реков дека сум против воведување на технологија во фудбалот, особено кога се користи на овој начин. Фудбалот не може да се решава преку видео. Телевизијата ја нарушува перспективата на индивидуалните инциденти. Фудбалот е контактен спорт со многу судири, што, гледано преку ТВ-филтер, може да доведе до неприфатливи толкувања. Дали има фаул треба да се види и процени во реално време, вели Платини. Кон ВАР има многу критики дека ја прекинува премногу играта и Французинот се согласува. - ВАР ја убива радоста на постигнувањето гол. Понекогаш играчите треба да слават со пет минути одложување, а понекогаш дури и двапати. Да бидеме фер, не ви треба ВАР, туку подобри судии. Жалбите од технологија не се само во Италија, туку и во Англија, Шпанија и Германија, додаде легендарниот фудбалер на Јувентус.

Тагови

Остани поврзан