Писмо за поддршка од Коалиција за заштита на децата до потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски
- СООПШТЕНИЕ - Се обраќаме до Вас со оглед на тоа што сте татко со повеќе деца и сигурно ја разбирате важноста на здравото воспитување и создавање на стабилни и природни услови за одгледување на младите генерации. Ние, како граѓани и загрижени родители, стоиме на ставот дека децата не треба да бидат изложени на теории и концепти, какви што се родовата идеологија и раната сексуализација, кои не само што не се во согласност со биолошките и научните факти, туку имаат и негативен ефект на нивниот психолошки и емоционален развој.

1 април 2025
Почитуван г-дине Милошоски
Се обраќаме до Вас со оглед на тоа што сте татко со повеќе деца и сигурно ја разбирате важноста на здравото воспитување и создавање на стабилни и природни услови за одгледување на младите генерации. Ние, како граѓани и загрижени родители, стоиме на ставот дека децата не треба да бидат изложени на теории и концепти, какви што се родовата идеологија и раната сексуализација, кои не само што не се во согласност со биолошките и научните факти, туку имаат и негативен ефект на
нивниот психолошки и емоционален развој.
Образовните програми на оваа тема може да предизвикаат сериозен стрес, анксиозност и несигурност кај децата и младите луѓе и истите ги поткопуваат темелите на семејните и социјалните вредности, кои се изградени врз биолошките разлики помеѓу половите и се клучни за развојот на стабилни и здрави личности.
Постои сериозна потреба и од заштита на правата на родителите како единствени одговорни да носат одлуки за сѐ поврзано со своите малолетни деца, вклучувајќи го и видот на образованието што треба да им биде пружено. Имено, образование кое содржи родова идеологија е спротивно на светогледот на речиси сите родители, што го прави непогодно и неприфатливо.
Апелираме до Вас, како пратеник и татко, и ве охрабруваме да продолжите со заложбите и преземање соодветни активности за измени во Законите за основно и средно образование, односно прочистување од родовите и останатите штетни компоненти што се наоѓаат во нив.
Коалицијата ќе ја поддржи секоја Ваша заложба за создавање на попозитивна и стабилна иднина за нашите деца.
Коалиција за заштита на децата
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки