• понеделник, 23 декември 2024

Пионерот на британскиот трип-хоп звук Трики гостин на овогодишното издание на „Таксират“

Пионерот на британскиот трип-хоп звук Трики гостин на овогодишното издание на „Таксират“
Скопје, 28 април 2021 (МИА) - Еден од најкреативните музичари и визионери, пионерот на британскиот трип-хоп звук - Трики, го вклучи Скопје како дел од својата годинашна турнеја и на 7 октомври ќе одржи соло концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во рамки на 23-тото издание на фестивалот „Таксират“, информираат од Пасворд продукција. На Таксират фестивал, Tрики ќе се претстави со неговиот најнов 14-ти албум „Fall to Pieces“ - издаден лани, а снимен во Берлин на крајот на 2019 година. - Во еден мрачен период од животот на овој голем уметник. Тој успева болката да ја претвори во креативна сила која наоѓа излез преку тензичните синтови, дисторзираните тонови и мрачните текстови, а заедно со прекрасните вокали на Марта Злаковска, успева да го донесе слушателот уште поблиску до уникатниот звук кој само тој може да го создаде, се наведува во соопштението од продукцијата. Врвниот британски музичар и продуцент Едријан Николас Метјуз Тоус, познат по своето уметничко име Трики, се смета за една од клучните фигури во развојот на андерграунд сцената во 90-тите години на минатиот век. Неговиот слоевит музички стил претставува мешавина од различни културни влијанија и жанрови како хип-хоп, алтернативен рок и рага. Кариерата ја започнува како член на британската рап група „Вајлд Банч“, која подоцна прераснува во „Масив Атак“. Трики е еден од основачките членови на групата заедно со Роберт Дел Наџа, Грент Маршал и Ендрју Воулс, а заедно работат на славните албуми „Blue Lines“, како и на нивното второ издание „Protection“. Како што информираат од продукцијата, продажбата на влезниците за соло концертот на Трики ќе започне в среда на 5 мај. ар/сп/

Остани поврзан