• среда, 25 септември 2024

Пиоли разочаран по елиминацијата на Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите

Пиоли разочаран по елиминацијата на Милан во полуфиналето на Лигата на шампионите

Милано, 17 мај 2023 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е разочаран од исходот во полуфиналната пресметка со Интер во Лигата на шампионите.

 

- Големо разочарување, изминавме долг пат. Сакавме да стигнеме до финалето, тоа е јасно. Имавме неколку шанси во првото полувреме и доколку постигневме гол, можеби ќе го однесевме натпреварот во друга насока. Сега треба добро да го завршиме првенството. Искуство? Имавме искусен играч, но за жал не можев да го искористам Златан Ибрахимовиќ, изјави Пиоли.

 

„Росонерите“ синоќа го загубија реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите со резултат 0:1. Во првиот натпревар Милан беше поразен со 0:2. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан