• среда, 08 мај 2024

Пиоли: Гласините за Конте не ми пречат, тие ми досадуваат

Пиоли: Гласините за Конте не ми пречат, тие ми досадуваат

 Милано, 2 февруари 2024 (МИА)- Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека е уморен од шпекулациите дека Антонио Конте ќе го замени на крајот од сезоната, јавија италијанските медиуми.

Милан се соочува со Фросиноне во меч во кој го брани третото место во поредокот. Тимот заостанува седум бода зад второпласираниот Јувентус и осум зад лидерот Интер.

- Овие гласини не ми пречат. Но, малку ми здодеаја. Она што е важно е дека јас и моите играчи сме убедени дека до крајот на сезоната можеме да дадеме се од себе. Иднината не ме загрижува. Ние само сакаме да ја покажеме нашата вредност, рече 58-годишниот Пиоли на прес-конференција.

Милан сака да ја продолжи серијата од седум натпревари без пораз во Серија А, а последен пат Аталанта ги победи „росонерите“ на 9 декември. Оттогаш, тимот има победи против Монца, Емполи, Рома и Удинезе, како и нерешени со Салернитана и Болоња.

- Сезоната е долга и може да ни даде позадоволителни резултати. Целото внимание треба да го насочиме кон следниот натпревар. Не сме заинтересирани за Интер и Јувентус, истакна Стефано Пиоли. дс/


Фото: Твитер/ Милан

Остани поврзан