• понеделник, 23 декември 2024

Пинтуро победи на велеслаломот во Хинтерштодер

Пинтуро победи на велеслаломот во Хинтерштодер
Хинтерштодер, 2 март 2020 (МИА) - Француската алпска скијачка sвезда Алекси Пинтуро ужива во одличен тркачки викенд во Хинтерштодер, освојувајќи го за трет пат во својата кариера велеслаломот на патеката „Ханес Тринкел“. Французинот го презеде водството по првиот спуст и остана на врвот по вториот со вкупно време од 2:41,96 минути. Втор за 0,45 секунди беше хрватскиот натпреварувач Филип Зубчиќ, а трет заврши уште еден кандидат за големиот Кристален глобус - Хенрик Кристоферссен со заостанување од 0,72 секунди. Во топ 10 завршија Марко Одермат (Швајцарија), Лука де Алипрандини (Италија), Александар Омод Килде (Норвешка), Лоик Мејер (Швајцарија), Стефан Луц (Германија), Метју Фавре (Франција) и Леиф Кристијан Нестvолд-Хауген (Норвешка). Благодарение на четвртото место на првиот старт во Хинтерштодер, вчерашната победа во комбинацијата (во комплет со малиот Кристален глобус во дисциплината) и денешниот успех, Пинтуро собра вкупно 250 поени за Светскиот куп и скоро 100.000 швајцарски франци. Во генералниот пласман во велеслалом, Кристоферсен сега е лидер со 394 бода, по што следат Пинтуро со 388 и Зубчиќ со 368. Французнот сега е лидер на девет трки пред крајот на Светскиот куп со 1.148 поени, а потоа следува Омод Килде со 1.122 и Кристофер со 1.041.

Остани поврзан