• понеделник, 23 декември 2024

Печалбарите заминаа, Кичево се враќа во нормала

Печалбарите заминаа, Кичево се враќа во нормала

Кичево, 28 август 2021 (МИА) - По повеќедневен престој во земјава кога во Кичево престојуваа голем број гастрабајтери дојдени на годишен одмор, градот во изминатите педесетина дена пулсираше со забрзан ритам, сообраќајот беше интензивен, како во текот на денот, така и во текот на ноќта.

Локалите беа преполни со гости, а свадбарските каравани со знамиња на етничката заедница на која и припаѓаат секојдневно ги обиколуваа градските улици. И така беше се до последниве неколку дена, кога на кичевските улици повеќе ги немаше автомобилите со германски, швајцарски, австриски, италијански и словенечки регистарски ознаки.

-Секоја година традиционално од почетокот на месец јули до крајот на август печалбарите родум од Кичево и Кичевско доаѓаат на годишен одмор. Тие годишниот одмор го темпираат во периодот кога нивните деца го користат училишниот распуст, за сите заедно да дојдат во земјава на заслужен одмор, рече Неби Беќири граѓанин, од чија фамилија има голем број роднини кои работат во странство.

Според Беќири, карактеристично е што најпрво на одмор доаѓаат печалбарите од Швајцарија потоа во Австрија и Германија за кон крајот на јули и почетокот на август во земјава да престојуваат гастрбајтерите во Италија и Словенија, Најдобар ориентир од каде се најбројни печалбарите дојдени на одмор во земјава се автомобилите кои се движат по градските улици а ги носат ознаките на земјата каде што работат.

Очекувањата на чаршијата беа големи како и рестораните на свадби. Не дека немаше свадби, туку нивниот број поради забрзаниот пораст на заболени од ковид-19 брзо се зголемуваше, што резултираше бројот на свадби да се намали како и бројот на присутни гости на овие свадбени веселби.

-За разлика од лани, годинава организиравме поголем број на свадби но не и на нивото од пред 5-6 години. Овој пат печалбарите беа многу попретпазливи и затоа имаа многу резерва околу свадбените веселби кои можат да предизвикаат ширење на коронавирусот. Затоа бројот на свадби беше помал. Дел од свадбени веселби беа откажани, а беше воочливо и тоа дека бројот на гости на свадбите наместо да биде 400-500 гости како порано, повеќето свадби беа организирани со најмногу 150-200 гости. Но не можеме да бегаме од реалноста и мораме да бидеме задоволни и со овој број на свадби колку што направивме ова лето, и не би сакале да се сеќаваме на летото од лани кога воопшто немавме работа, нагласи Џевдет Далипи менаџер на ресторани за свадби.за/бт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан