• четврток, 04 декември 2025

Пет најдобри тенисери според Рожер Федерер

Пет најдобри тенисери според Рожер Федерер

Цирих, 6.октомври 2025 (МИА) – Еден од најдобрите светски тенисери Рожер Федерер својата играчка кариера ја заврши во 2022 година. Швајцарецот ги наброја и петте најдобри играчи според него на сите времиња.

На првата позиција го рангираше Стефан Едберг, а во образложението наведе дека шведскиот тенисер секогаш ја напаѓал мрежата и речиси секогаш бил „кул“. На втората позиција е Борис Бекер, играч од периодот на Едберг, двајцата одиграа многу интересни мечеви. Следен на листата е Пит Сампрас, а во ТОП 5 се играчите со кои Федерер „војуваше“ на теренот Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Федерер кариерата ја заврши со 20 Грен слем титули. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан