• сабота, 16 ноември 2024

Петров: Забрзано работиме на трансформација на македонскиот стартап-екосистем

Петров: Забрзано работиме на трансформација на македонскиот стартап-екосистем
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - Дигиталната трансформација е неопходен чекор кој мора да го преземеме за да имаме успешни претприемачи, иновации и развој на стартап-екосистемот, и затоа Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во изминатиот период презема конкретни чекори кон побрза дигитална трансформација на јавните услуги, порача директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров на „2021 ITU Regional Innovation Forum for Europe“, кој денеска и утре се одржува во рамки на Глобалниот форум за иновации ITU 2021 година, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонија. На панел-дискусијата насловена „Постигнување на приоритетите за регионален развој преку дигитална трансформација“, на која учествува и Валерија Јонан, заменик-министер за евроинтеграција во Министерството за дигитална трансформација на Украина, Милена Липовина Божовиќ, државен секретар во Министерство за економски развој на Црна Гора, Флоренса Хаџи, генерална директорка на Единицата за развојни програми и соработка во Кабинетот на премиерот во Албанија и Ани Вашакмадзе, раководител на одделот за меѓународни односи и односи со донатори во Грузиската агенција за иновации и технологија, Петров ги презентираше и активностите на Фондот во насока на позиционирање на Р.Северна Македонија како регионален стартап хаб. - Имено, Националниот стартап-совет веќе подготви Предлог-мерки за забрзан раст на македонискиот стартап екосистем кои ќе бидат официјално презентирани на почетокот на октомври. Освен тоа, ФИТР во моментов интензивно работи на формирање на Инвестициски фонд кој до крајот на годината ќе и биде презентиран на јавноста, информираат од прес-службата на ФИТР. На учесниците на панелот, како што посочуваат, Петров им ја презентираше и Програмата за корпоративна иновативност, како и инвестииците кои се прават во рамките на новите јавни повици за дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција и дигитализација на картотеките при Интитутот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан