• сабота, 16 ноември 2024

Петров во Белград: Постојано преземаме чекори за унапредување на правата на маргинализираните заедници

Петров во Белград: Постојано преземаме чекори за унапредување на правата на маргинализираните заедници
Скопје, 4 март 2021 Потпретседателот на СДСМ Коста Петров, вчера во Белград учествуваше на регионалната конференција Заштита и унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето во државите од Западен Балкан: основа за прогресивно општество и политики, во организација на Фондацијата Макс ван Дер Штул и поддржана од Вестминистер Фондацијата за демократија. „Многу е лесно да заземете храбар став за тешките прашања кога сте во опозиција, но кога сте на власт, треба да го спроведете тоа. За нас, прашањата поврзани со човековите права на маргинализираните заедници, вклучувајќи ги и ЛГБТИ луѓето се прашања на реални вредности и политики, а не ПР алатки. Ние ги преземаме овие чекори бидејќи се вистинските, а не за добивање политички поени“ - истакна Петров. Според Лордот Реј Колинс од Лабуристичката партија на Велика Британија, загрижувачки е фактот дека во дел од светот, хомосексуалноста се’ уште е криминализирана, а во одредени држави се казнува и со смртна казна. Токму тука, смета тој, одговорот на невладиниот сектор и соработката на прогресивните сили е од посебно значење. На конференцијата учествуваа претставници од социјалдемократските партии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, како и преставаници од невладиниот сектор. Марко Станиќ од СДП на Црна Гора и Бесима Бориќ од СДП на Босна и Херцеговина говореа за предизвиците со кои се соочуваат во своите држави, потенцирајќи дека Северна Македонија и СДСМ се вистински лидери во регионот кога станува збор за имплементација на прогресивни и про-европски политики во претежно конзервативните држави на Балканот. Кочо Андоновски од ЛГБТИ Центарот за Поддршка рече дека СДСМ е првата партија во нашата држава која во својата изборна програма го вметнала прашањето на недискриминација на ЛГБТИ луѓето, уште во 2006та година. „Сега, кога СДСМ е на власт забележуваме имплементација на овие вредности во конкретни политики. - истакна тој. На настанот, потпретседателот Коста Петров ја потпиша и Декларацијата на социјалдемократските партии од регионот за борба за правата на ЛГБТИ луѓето, со што СДСМ стана првата партија од регионот која пристапи кон овој документ. Центар за комуникации со јавност на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан