• недела, 22 декември 2024

Песков најави состанок на Путин и Ердоган во Техеран наредната седмица

Песков најави состанок на Путин и Ердоган во Техеран наредната седмица
Москва, 12 јули 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган за време на посетата на Техеран наредната седмица, информираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. - Вчера најавивме контакти на највисоко ниво меѓу Путин и Ердоган. Таков состанок ќе се одржи таму, појасни Песков. Двајцата претседатели вчера телефонски разговараа за ситуацијата во Сирија и за прашањето околу снабдување со житарици, соопштија од кабинетот на турскиот лидер. Според наведеното, лидерите разговарале за ситуацијата во Сирија, украинско-руската војна и за создавање безбедни коридори во Црното Море за извоз на житарици. Ердоган смета дека дошло време „да се преземе акција во рамки на Обединетите Нации за создавање безбедни коридори во Црното Море за извоз на жито“. бд/зш/

Остани поврзан