• понеделник, 23 декември 2024

Переира и Лингард ќе се разделат со Манчестер Јунајтед

Переира и Лингард ќе се разделат со Манчестер Јунајтед
Манчестер, 26 февруари 2020 (МИА) - Андреас Переира и Џеси Лингард веројатно ќе го напуштат Манчестер Јунајтед во текот на летото, пренесуваат британските медиуми. Двајцата играчи од средниот ред не можат да најдат место во стартниот состав на „црвените ѓаволи“ под водство на Оле Гунар Солскјер. Разделбата со 24-годишната Переира и 27-годишниот Лингард може да помогне во привлекувањето на Џек Грилиш од Астон Вила на „Олд Трафорд“. Играчот од средниот ред е вреден околу 60 милиони фунти. Лингард и Переира имаат договори со Манчестер Јунајтед до летото 2021 година.

Остани поврзан