• понеделник, 23 декември 2024

Пентагон: Американскиот носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“ го напушти Црвеното Море

Пентагон: Американскиот носач на авиони „Двајт Ајзенхауер“ го напушти Црвеното Море

Вашингтон, 23 јуни 2024 (МИА) - Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) денеска потврди дека носачот на авиони „Двајт Ајзенхауер“ го напуштил Црвеното Море.

„Ударната група на носач на авиони Двајт Д. Ајзенхауер (IKE CSG) денеска ја напушти областа на одговорност на Централната команда на САД и ќе остане накратко во областа на одговорност на американската европска команда пред да се врати дома по повеќе од седум месеци поддршка на американското регионално одвраќање и заштита“, се вели во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Се наведува дека за време на неговото распоредување, „Двајт Ајзенхауер“ ги штител бродовите кои транзитирале по Црвеното Море, Баб ал-Мандеб и Аденскиот Залив, „спасувал невини морнари од незаконските напади на Хутите поддржани од Иран и помагнал да се одврати понатамошна агресија“. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан