• петок, 22 ноември 2024

Пенсилванија го забранува дрвото на крушата „callery“

Пенсилванија го забранува дрвото на крушата „callery“
Харисбург, 2 февруари 2022 (МИА) - Одделот за земјоделство во Пенсилванија одлучи да го забрани дрвото на крушата „callery“, јави „abc.27“. - Дрвото потекнува од југоисточна Азија. Во САД, за првпат го има во раните 1900-ти и бидејќи станува збор за тврдо дрво, постоело надеж дека ќе  поправи некои проблеми, кои постоеле со одгледувањето круша, изјави професорот по биологија на Универзитетот Вилкс, Вилијам Терзаги. Се верувало, дека тоа би им помогнало на другите сорти на круши да дадат повеќе плодови. - Се имаше добра намера, но без да се знае какво може да биде долгорочното влијание. Потоа е откриено дека дрвото со текот на времето се шири, се натурализира и се шири. Ги презема шумските граници и областите околу земјоделските полиња, изјави Шенон Пауерс од Одделот за земјоделство во Пенсилванија. Цветовите се познати по тоа што имаат ужасен мирис кога цветаат, како и дека имаат повеќе начини, да создадат повеќе вакви дрвја. - Тоа е тешко растение за искоренување, бидејќи, не само што се распрснува со семе, туку и вегетативно. Значи, ако откинете мали делови од него, повторно ќе никне, појасни Терзаги. Дрвото е доста популарно и сè уште може да се најде во некои продавници и расадници. Забраната ќе влезе во прва фаза следната недела, од расадниците се бара да го намалат својот инвентар на дрвото. бд/ссм/

Остани поврзан