• понеделник, 23 декември 2024

Пендаровски: Потребна е општествена, системска, медиумска и лична отпорност кон дезинформациите

Пендаровски: Потребна е општествена, системска, медиумска и лична отпорност кон дезинформациите
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Северна Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава, се вели во писмената изјава на претседателот Стево Пендаровски на денешната панел-дискусијата „Слонот во собата“ организирана од ЦИВИЛ. Според него, одговорот што како општество треба да го дадеме на ваквите појави е повеќеслоен и бара ангажман од повеќе чинители – државни институции, од медиумите, од граѓанскиот сектор, како и од системот на образование. - Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите, нагласува Пендаровски. Како претседател, додаде тој, дава поддршка на секоја иницијатива што е во функција на воведување добри практики, со цел намалување на ширењето на дезинформациите, а унапредување и развој на демократијата. - Наместо за ширење на брза, навремена и точна информација, дигиталните платформи многу често се злоупотребуваат за пласирање на дезинформации за остварување на влијание и насочување на јавното мислење во функција на одредени агенди. Ова станува закана по националната безбедност, поради потенцијалот за поткопување на демократските процеси, смета Пендаровски. мс/aa/          

Остани поврзан