• недела, 22 декември 2024

Пендаровски: Насилството како метод во политиката не би требало да има место во современите демократии

Пендаровски: Насилството како метод во политиката не би требало да има место во современите демократии
Скопје, 5 јули 2022 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски вечерва преку „Фејсбук“ ги осуди денешните насилни протести против францускиот предлог.
- Вечерашното интервју на ТВ21 го одложивме поради тоа што околу телевизијата која се наоѓа во непосредна близина на Собранието беше воспоставен посебен сообраќаен режим. Во оваа прилика сакам да го осудам насилството како метод во политиката што не би требало да има место во современите демократии, напиша Пендаровски. бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан