• понеделник, 23 декември 2024

Пелегрино нов тренер на Кадиз

Пелегрино нов тренер на Кадиз

Кадиз, 24 јануари 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Кадиз денес го назначи Маурицио Пелегрино за шеф на стручниот штаб. Договорот со 52-годишниот Аргентинец е до крајот на тековната сезона.

Последната работа на Пелегрино беше во Универзидад де Чиле. Пред тоа ги предводеше  Велез, Леганес, Саутемптон, Алавес, Индепендиенте, Естудијантес и Валенсија.

Пелегрино беше асистент и на Рафаел Бенитез во Ливерпул и Интер.

На 20 јануари Кадиз објави за оставка од главниот тренер на тимот Серхио Гонзалес. Тимот се наоѓа на 18. место во поредокот во Ла Лига со 15 бодови од 21 натпревар. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан