Педро Нето: Сакам да станам светски првак за Жота
- Светското клупско првенство на ФИФА го дочека својот крај и финалниот натпревар меѓу ПСЖ и Челзи
Њу Џерси, 13.јули 2025 (МИА) - Светското клупско првенство на ФИФА го дочека својот крај и финалниот натпревар меѓу ПСЖ и Челзи. Желбите на двата тима и нивните играчи се да бидат првите победници - шампиони на ова натпреварување во новиот формат со 32 екипи.
Но, Португалецот во дресот на Челзи Педро Нето има посебна желба.
- Кога ќе излезам на терен, да знаете дека сакам да го освојам ова натпреварување заради Диого Жота. Имам чувство дека сите кои сме му блиски на „заштитува“. Затоа ќе бидам воин за него. Тоа е мојата цел, да победам - да победам за Диого. Тој ќе биде со мене, секогаш ќе се сеќавам на него, на брат му Андре Силва и на нивните семејства, изјави Нето.
За време на натпреварувањето Нето добил критики дека настапил на дуелот против Флуминенсе непосредно по смртта на Жота, на што играчот на Челзи одговори дека неговиот соиграч од репрезентацијата Диого ќе ја подржел секоја негова одлука.
Дуелот ПСЖ - Челзи се игра вечерва во Њу Џерси со почеток во 21 часот. мн/
Фото: ЕПА