• петок, 05 декември 2025

Пауновиќ нов селектор на Србија

Пауновиќ нов селектор на Србија

Белград, 30.октомври 2025 (МИА) – Фудбалскиот сојуз на Србија потврди дека Вељко Пауновиќ ќе биде нов селектор на Србија во следните два натпревара. Тоа значи дека Пауновиќ ќе го наследи Драган Стојковиќ, а Србија следните два дуела ги игра против Англија и Летонија.

Засега тој ќе биде селектор само на овие два натпревара, а за понатамошен ангажман дополнително ќе се преговара. Србија сè уште има шанси за пласман на Светското првенство.

Првиот натпревар Пауновиќ ќе го има на 13.ноември во Лондон против Англија, додека на 16.ноември е дуелот против Летонија во Лесковац.

Вељко Пауновиќ како селектор на Србија пред десет години ја освои титулата светски првак на првенството за фудбалери до 20 години. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан