• вторник, 02 јули 2024

Пасторе: Невозможно е да се заврши сезоната во Серија „А“

Пасторе: Невозможно е да се заврши сезоната во Серија „А“
Рим, 22 март 2020 (МИА) - Играчот од средниот ред на Рома, Хавиер Пасторе, направ мрачна претпоставка дека фудбалската сезона во Италија нема да заврши поради пандемијата на коронавирус. Првенството во Серија „А“ беше прекинато по 26 кола и во оваа фаза не е јасно кога ќе продолжи. - Според мое мислење, невозможно е да се доиграат останатите натпревари до крајот на сезоната. За да се вратиме во форма, ќе ни требаат 20-30 дена тренинг и ние го немаме тоа време. Јасно е дека клубовите ќе изгубат пари, но ако во некој момент го обновиме шампионатот, тоа значи дека ќе мора да го одложиме почетокот на новата сезона, а не можеме да си го дозволиме тоа, затоа што во летото 2021 година има Европско првенство и Копа Америка, изјави Хавиер Пасторе за „Радио Импакто“.

Тагови

Остани поврзан