• понеделник, 23 декември 2024

Парагвајски обвинител убиен на меден месец на плажа во Колумбија

Парагвајски обвинител убиен на меден месец на плажа во Колумбија
Богота, 11 мај 2022 (МИА) - Убиен е парагвајски обвинител за организиран криминал за време на  медениот месец во Колумбија, јави Би-Би-Си. Марсело Печи бил на плажа на популарниот остров Бару, кога е убиен од страна на две вооружени лица. Неколку часови пред пукањето, сопругата на Печи на Инстаграм објави дека е бремена. Како што изјавила сопругата, новинарката Клаудија Агилера, убиениот не добил никакви закани. Едно од вооружените лица „без збор пукал во Марсело два пати, еден куршум го погодил во лицето, а друг во грбот“. Парагвајскиот претседател Марио Абдо Бенитез пукањето го опиша како „кукавичко убиство“. Шефот на колумбиската полиција, како и истражители од Парагвај, биле на место на злосторството. Жртвата специјализираше за организиран криминал, трговија со дрога, перење на пари и терористичко финансирање. Во 2020 година, Печи играше улога во случајот против поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо, кој беше уапсен при обид да влезе во Парагвај со лажен парагвајски пасош. бд/сд/

Остани поврзан