• недела, 22 декември 2024

Папата Франциск утре востоличува нови кардинали

Папата Франциск утре востоличува нови кардинали
Ватикан, 26 август 2022 (МИА) - Папата Франциск, кој неодамна изјави дека може да се пензионира поради своето здравје, утре ќе устоличи 20 нови кардинали, од кои многумина еден ден може да го изберат неговиот наследник. Тоа ќе биде осмиот состанок на кардиналскиот совет откако 85-годишниот Франциск е избран во 2013 година и внимателно се следи за да се види дали папата со својот избор ќе открие каква католичка црква сака да остави зад себе. Новите кардинали вклучуваат свештеници познати по своите прогресивни ставови и пастирска работа. Тие доаѓаат од сите страни на светот, од Бразил до Нигерија, Индија, Сингапур и Источен Тимор. По утрешната заклетва во базиликата Св. Петар во Ватикан, тие ќе се придружат на дводневниот состанок на сите кардинали в понеделник. Годинава собирот беше свикан порано со цел да се анализира новиот план на папата за управување со црквата. Но, само поттикна шпекулации дали папата си заминува, јавија италијанските медиуми. Папата Франциск, кој изминативе месеци откажа низа настани и мораше да користи инвалидска количка поради проблеми со коленото, минатиот месец истакна дека „отворени му се вратите“ за заминување. Ако тој тргне по патот на својот претходник Бенедикт Шеснаесетти и поднесе оставка, ќе биде свикана конклава на сите кардинали помлади од 80 години, кои ќе изберат негов наследник. По викендов, во кардиналското тело ќе има 132 кардинали со право на глас. Деведесет од нив се назначени од Франциск, а тоа е околу две третини од вкупниот број, токму колку што е потребно за да помине предложено име. бд/зш/

Остани поврзан