• понеделник, 23 декември 2024

Папата од Бахреин апелираше верските водачи да помогнат да се тргне светот од „работ на кревката пропаст“

Папата од Бахреин апелираше верските водачи да помогнат да се тргне светот од „работ на кревката пропаст“
Манама, 4 ноември 2022 (МИА) - Папата Франциско денеска апелираше до верските водачи да помогнат да се тргне светот од „работ на кревката пропаст“ и да се спротивстават на новата трка во вооружување што, како што појасни тој, ги преобликува сферите на влијание од времето на Студената војна. Тој го изјави ова за време на неговата прва целодневна посета на Бахреин, додека го затвораше форумот за дијалогот меѓу Истокот и Западот, промовиран од кралот на државата. Најверојатно мислејќи на Украина, папата ја осуди ситуацијата каде „неколку моќници се во решителна борба за сопствените интереси, оживувајќи застарена реторика, редизајнирање на сфери на влијание и спротивставени блокови“. Кралот Хамад бин Иса Ал Калифа повика на едногласност во запирањето на војната меѓу Русија и Украина и на „сериозен дијалог за доброто на целото човештво“. Папата, без да именува држава, го осуди и финансирањето на тероризмот. бд/зш/

Остани поврзан