Папата Лав XIV ги поздрави верниците и покрај поројниот дожд на плоштадот „Свети Петар“ пред неговата божиќна миса
- „Ви благодарам што дојдовте дури и на дожд! Најдобри желби на сите!“, се обрати папата Лав XIV на насобраните верници кои дојдоа и покрај поројниот дожд кој лее во Рим, пренесе АНСА.
Рим, 24 декември 2025, (МИА) -Папата Лав XIV излезе на поројниот дожд што врне во италијанската престолнина Рим, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, за да ги поздрави собраните верници, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Поглаварот на Римокатоличката црква го направи ова пред да ја одржи традиционалната миса во пресрет на Божиќ, што е негова прва, соопшти агенцијата, додавајќи дека неговото појавување било изненадувачко.
Базиликата „Свети Петар“ е преполна, а преостанатите верници надвор ја гледаат службата што започна на огромни екрани.
„Ви благодарам што дојдовте дури и на дожд! Најдобри желби на сите!“, рече папата Лав XIV. дј/
фото: ЕПА