• вторник, 05 ноември 2024

Панова: Џафери го кочи изборот на Уставни судии, бараме итно свикување на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата

Панова: Џафери го кочи изборот на Уставни судии, бараме итно свикување на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата
Скопје, 25 февруари 2022 Почитувани, Џафери како продолжена рака на Ковачевски односно СДСМ и ДУИ заедно го кочат изборот на Уставни судии, државата нема функционален Уставен суд поради желбата за партизација од власта. Џафери се претвора во маша на Заев и Ковачевски и го става собранието во подредена улога на извршната власт. СДСМ - ДУИ преку Талат Џафери тенденциозно го блокираат изборот за Уставни судии, додека не се создаде ново мнозинство во Комисијата, со што би се избрале кандидати кои ќе го допартизираат судот, по примерот со Кацарска. Па оттука произлегува дека токму на СДСМ и ДУИ не им одговара функционален и целосен Уставен суд, имајќи во предвид дека во изминативе неколку години се донесоа голем број на противуставни закони, а уште толкав број се во процедура во Собранието. Вчера бевме сведоци на најава од страна на Талат Џафери дека планира повторно да го прекрши Деловникот и да создаде ново мнозинство во Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Зошто му е потребно ново мнозинство кога до вчера гласовите на партијата БЕСА, додека тие беа дел од Владата, беа добри? Почитувани, Токму ова неодговорно однесување е уште еден доказ дека судството во Македонија е заложник на двоецот СДСМ-ДУИ и нивните партиско-коалициски пазарења и се однесуваат со македонското судство како да е нивна лична имовина. Кристално јасно е дека Македонија има партизирано судство и политички обвиненија затоа што изборот на судии се прави по клуч на власта што со вчерашната изјава уште еднаш го потврди Џафери. Со двоецот СДСМ - ДУИ поделбата на власта е само мртво слово на хартија, извршната, законодавната и судската власт работат по налог и за потребите на нивните ситнопартиските интереси. Џафери, Ковачевски и сите инволвирани во запоседнувањето на институциите треба да знаат дека за сите преседани и нелегални дејствија кои ги прават ќе следи одговорност, како пред граѓаните на избори, така и пред институциите. На крајот, уште еднаш бараме итно свикување на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата и бараме да се почитува Деловникот, со што конечно ќе се откочи работењето на Уставниот суд. За таа цел, ние како одговорни пратеници и народни претставници нагласуваме дека секогаш сме подготвени да гласаме за кадри кои се професионални, непартиски и чесни и од овој принцип јасно и гласно кажуваме дека нема да отстапиме дури и ако предлозите за уставни судии произлезат од власта. Нашата цел секогаш е почитување и вистинско практицирање на демократијата, но и почитување на принципиелноста. Тоа се вредностите кои мора да бидат составен дел од работењето и функционирањето на законодавниот дом во Република Македонија. Интегрален текст од изјава за медиуми – Ели Панова, пратеничка и заменик - координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан