• понеделник, 23 декември 2024

Панел-дискусија за вклучување на медиумската писменост во основното образование

Панел-дискусија за вклучување на медиумската писменост во основното образование

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) - Панел-дискусија „Вклучување на медиумската писменост во основното образование – искуства и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје. На панел-дискусијата ќе се обратат министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорката на канцеларијата за општ развој на УСАИД Дон Кармин.

На настанот ќе биде претставена Рамката за медиумска писменост во основното образование, подготвена од работната група составена од претставници на Бирото за развој на образованието, ИРЕКС и МИМ.

- Овој документ ги содржи наставните програми за одделни предмети од прво до девето одделение во кои медиумската писменост е вклучена како посебна тема со дефинирани резултати од учењето, содржини и стандарди за оценување, информираат од МИМ.

За искуствата од досегашното вклучување на медиумската писменост во наставниот процес ќе говорат неколку наставници од основните училишта вклучени во програмата.

Овој настан се организира во рамки на Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“, што го спроведуваат ИРЕКС и локалните партнери Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии и Младинскиот образовен форум, со соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. ир/вг/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан