• четврток, 19 декември 2024

Пандев: Не сум против претседателот на ФФМ, барам права за клубовите

Пандев: Не сум против претседателот на ФФМ, барам права за клубовите
Скопје, 15 февруари 2021 (МИА) – Ден по најавата за можно повлекување од македонскиот фудбал доколку нема итни промени во домашното првенство, сопственикот на прволигашот Академија Пандев и капитен на репрезентација Горан Пандев ги образложи причините за својата реакција до раководните структури на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Пандев, во денешното интервју за порталот „Дрнка.мк“ истакна дека ФФМ мора да им го препушти одлучувањето во македонскиот клупски фудбал на самите екипи. - Секаде во светот одлучуваат клубовите. Не може некои луѓе да даваат пари па да дојде Трајко, Петко и некој друг да одлучува за клубовите. Очигледно на некои им одговара така како што стојат работите, имаат загарантирано место во Европа. Се знае кој ќе испадне, а кој ќе влезе и така со години си го тераат мак-фудбалот. Секоја чест за репрезентацијата и условите, но редно време е веќе клубовите да ја преземат одговорноста и јасно да кажат дека вака не може да продолжат да се натпреваруваат во нашата аматерска лига, бидејќи ја водат луѓе аматери од Федерацијата, изјави Пандев. Тој потенцираше дека не зазема страна во несласувањата меѓу Агенцијата за млади и спорт и ФФМ околу усогласување на нејзиниоот Статут со Законот за спорт. - Не сум против претседателот на ФФМ … Не ме интересираат ниту најавите за изборно собрание и кој ќе биде претседател, мене ме интересира да се слушне гласот на клубовите. Треба претседателот да ги повика сите прволигашки и второлигашки клубови и да им ги остави лигите да ги водат членовите на истите, истакна Пандев. ег/мс/

Остани поврзан