Палмер останува во Лондон
- Играчот на Челзи Кол Палмер останува во Челзи, објавува „Скај спортс“
Лондон, 27.јануари 2026 (МИА) – Играчот на Челзи Кол Палмер останува во Челзи, објавува „Скај спортс“. Неговиот договор со „сините“ од Лондон е со важност до 2033 година. Така да евентуалниот трансфер во Мначестер Јаујтед тешко е да се реализира.
Палмер пред 2,5 години дојде од Манчестер Сити и во дресот на Челзи има постигнато 41 гол и 19 асистенции. Добрите игри се причината за интересот на другите клубови, но повредите пред сè на препоните се пречка во неговата кариера и оваа сезона има одиграно само 12 натпревара.
Проблем за трансфер може да претставува во моментов и високото обесштетување кое се проценува на 120 милиони евра. мн/
Фото: ЕПА