• вторник, 05 ноември 2024

Палестинци со протести бараат компензација поради војната во 2014 година

Палестинци со протести бараат компензација поради војната во 2014 година
Газа, 19 септември 2022 (МИА) - Демонстрантите денеска запалија гуми во Газа, пред канцелариите на Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации за Палестинците барајќи компензација за уништените домови за време на војната со Израел во 2014 година. Демонстранти ја гаѓаа со јајца зградата на Aгенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток. Над 18.000 домови беа целосно уништени или многу оштетени за време на војната меѓу Израел и палестинските милитанти во летото 2014 година. Минатиот месец, генералниот комесар на агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток, Филипе Лазарини предупреди на егзистенцијална финансиска криза за организацијата. САД престанаа да ја поддржуваат Aгенцијата за помош во 2018 година, под администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп. Сегашниот американски претседател Џо Бајден неодамна вети финансиска помош за Агенцијата во висина од 200 милиони долари. Европската Унија планира да ја поддржи со дополнителни 260,63 милиони долари. Над два милиона луѓе живеат во несигурни услови во Појасот Газа, каде Хамас ја презеде власта во 2007 година. Групата се смета за терористичка организација во САД, ЕУ и Израел. бд/ми/

Остани поврзан