• понеделник, 23 декември 2024

Палестинците со контрапредлог на мировниот план на САД

Палестинците со контрапредлог на мировниот план на САД
Ерусалим, 9 јуни 2020 (МИА) - Палестинците испратија одговор на американскиот блискоисточен мировен план, според кој делови на Западниот Брег ќе бидат анектирани од Израел, изјави денеска палестинскиот премиер Мохамед Штаје. - Пред неколку денови и дадовме контрапредлог на „четворката“, истакна Штаје, алудирајќи на САД, Русија, ОН и ЕУ. Тој нагласи дека е предложено создавање „суверена палестинска држава, независна и демилитаризирана“ со „незначителни измени на границите, каде што е потребно“. гт/

Остани поврзан