• петок, 22 ноември 2024

Палестински вооружени лица убиле палестинска хуманитарка од добротворна организација

Палестински вооружени лица убиле палестинска хуманитарка од добротворна организација

Газа, 27 септември 2024 (МИА) - Вооружени Палестинци во Појасот Газа убија Палестинка која работела за американска добротворна организација, откако погрешно го идентификувале нејзиниот автомобил, соопштија владини претставници и нејзиното семејство.

Според западни медиуми, нападот се случил во Кан Јунис, на југот на Појасот Газа. Автомобилот во кој била Ислам Хеџази, програмски менаџер на организацијата Heal Palestine, бил пресретнат, а вооружени лица испукале десетици куршуми кон возилото.

Семејството на Хеџази соопшти дека властите информирале дека нејзината смрт била резултат на грешка. Хамас, кој управува со Газа, не го коментираше случајот.

Овој инцидент го отсликува зголемениот хаос во Газа по речиси година од почетокот на израелската воена офанзива, која ги ослаби безбедносните сили на Хамас. ссм/

фото: архива

Остани поврзан