• понеделник, 23 декември 2024

ОЈО поднесе обвинение против 34-годишен скопјанец за недозволено поседување автоматска пушка и муниција

ОЈО поднесе обвинение против 34-годишен скопјанец за недозволено поседување автоматска пушка и муниција
Скопје, 14 септември 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. - Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје држел автоматско оружје – пушка Калашников АК-47, како и две рамки со 41 куршум од калибар 7,62Х39 мм. Станува збор за оружје кое на граѓаните им е забрането, а било пронајдено при претрес во домот на обвинетиот, се вели во соопштението од ОЈО. Јавниот обвинител, информираат од ОЈО, до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​ аа/

Остани поврзан