• понеделник, 09 февруари 2026

ОЈО Гостивар поднесе обвинение за давање лажен исказ

ОЈО Гостивар поднесе обвинение за давање лажен исказ
Скопје 29 март 2022 (МИА) - Основното јавно обвинителство - Гостивар поднесе обвинителен предлог до надлежниот Суд против едно лице за давање лажен исказ. - Основното јавно обвинителство - Гостивар до надлежниот суд поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „давање лажен“ исказ од член 367 став 1 од Кривичниот законик во врска со член 26 став 2 од Законот за извршување, се вели во соопштението на Јавното обвинителство. Од таму информираат дека обвинетиот делото го сторил во својство на должник при спроведување на извршна постапка, при што во периодот од 26.02 до 28.02.2022 година не постапил согласно доставеното барање за податоци во законскиот рок од 3 дена и го прекршил Законот за извршување. сх/сп/

Остани поврзан