• петок, 22 ноември 2024

ОЈО Велес поднесе три казнени налози за непочитување на полицискиот час

ОЈО Велес поднесе три казнени налози за непочитување на полицискиот час
Скопје, 22 април 2021 (МИА) - Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Велес. - Постапката е поведена бидејќи обвинетите го нарушиле полицискиот час и за време на важечката забрана за движење, без да поседуваат дозвола, се движеле на различни локации, информират од ОЈО Велес. За осомничените предложено е изрекување парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​ оџ/ац/    

Остани поврзан