• понеделник, 18 ноември 2024

Охрид го одбележа Меѓународниот ден на физичката активност

Охрид го одбележа Меѓународниот ден на физичката активност
Охрид, 10 мај 2021 (МИА) – Физичката активност или кој било спорт е многу важен сегмент во животот. Изминатава година кога сме живи сведоци на пандемија на коронавирусот и кога се е затворено, гледаме и сваќаме колку е значајно спортувањето или физичката аткивност. Моја порака е секое слободно време да се искористи за спортување или били која физичка активност, затоа што само така ќе имаме здрава нација, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески во обраќањето пред голем број граѓани, пред се млади лица, кои зедоа учество во манифестацијата за одбележување на Светскиот ден на физичката активност. Охрид заедно со уште девет општини активно се вклучи во настанот што по тој повод го организираше Агенцијата за млади спорт, Владата и Институтот за јавно здравје. На Кејот на Охридското Езеро се одржаа натпревари во пинг понг, детска атлетика, карате, бокс и теквондо, потоа вежби по аеробик, како и скејт и едриличарство. Присутните беа дел и од организираната велосипедска и планинарска тура, Организаторите на настанот во Охрид порачаа дека ваквите активности имаат за цел анимирање на населението на поголема физичка активност и спортувањето како здрава животна навика. аб/ки/

Остани поврзан