• сабота, 23 ноември 2024

„Охридски фестивал на виното“ од 8 до 10 септември

„Охридски фестивал на виното“ од 8 до 10 септември
Охрид, 30 август 2022 (МИА) - На кеј „Македонија“ спроти хотелот „Палас“ од 8 до 10 септември ќе се одржи „Охридски фестивал на виното“. Покрај штандовите со квалитетно вино од македонските винарии, Општина Охрид соопшти дека за забава ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“ , а свој настап ќе има и Ѓоко Танески. На Фестивалот ќе настапат и Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Суперхикс. Целта на настанот, според градоначалникот Кирил Пецаков, е продожување на летната туристичка сезона. - Идејата ни е преку вакви манифестации и настани да придонесеме кон привлекување гости и во овој период од годината. Годинава, дополнително Фестивалот се поклопува со Охридскиот пливачи маратон и со тоа ќе имаме еден убав и би можел да речам продолжен викенд во Охрид. Охриѓани и гостите заслужуваат да имаат вакви културни манифеста, изјави Пецаков за МИА. Покрај Фестивалот на виното, истиот викенд треба да се одржи и традиционалниот Охридски пливачки маратон, на патеката „Климе Савин“, од манастирот „Свети Наум“ до Градското пристаниште во должина од 30 километри. сс/мд/

Остани поврзан