• четврток, 07 ноември 2024

Охридскиот Завод и Музеј ќе користи трудови од учесниците на Меѓународната летна школа за архитектура

Охридскиот Завод и Музеј ќе користи трудови од учесниците на Меѓународната летна школа за архитектура
Охрид, 2 октомври 2021 (МИА) – Со презентација на трудовите на учесниците денеска заврши деветтата Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн што се одржа во Охрид, семинар организиран од НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид“ и Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје. Се очекува сработените трудови на студентите по архитектура од целиот свет да бидат и практично применети во реализацијата на значајни проекти за заштита и промоција на културното наследство на Охрид. Темата на овогодинешната летна школа е „Staging Ohrid’s Landscape”, со анализи на урбани и амбиентални простори во Охрид и изработка на прилози и идејни проекти за нивна успешна конзервација и презентација во насока на популаризација на вредното светско културно наследство на Охридскиот регион. Студентите оваа година токму заради реализација на предвидената програма на Школата посетуваа различни локации во Охрид и изработуваа предлог-решенија за уредување на тие простории под инструкции на познатите светски архитекти, швајцарските професори Макс Босхарт и Штефан Медер. аб/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан