• вторник, 02 јули 2024

Официјално: Астон Вила привлече светски шампион

Официјално: Астон Вила привлече светски шампион
Бирмингем, 13 јануари 2020 (МИА) - Осумнаесеттиот во Премиер лигата - Астон Вила може да се пофали дека привлекле светски шампион со Шпанија - Пепе Реина. Голманот е на заем 6 месеци од Милан, откако репрезентативецот на Англија, Том Хитон, ќе биде аут од терените за остатокот од сезоната, поради повреда на коленото на 1 јануари во победата од 2-1 на гостувањето кај Барнли. Триесет и седумгодишниот Шпанец се враќа во елитата на Англија, откако мина осум години во Ливерпул помеѓу 2005 и 2013 година. - Успеавме да привлечеме играч како Пепе, кој има големо искуство во Премиер лигата. Минатото лето, баравме искусен голман и го одведовме Том Хитон. За жал, неговата повреда го остави аут од терените до крајот на сезоната, но Пепе не ги покри само нашите барања не само заради неговото искуство, но и поради неговите лидерски квалитети, изјави менаџерот на тимот од Бирмингем, Дин Смит.

Остани поврзан